Николовски: Со 300.000 единки подмладок на охридска пастрмка оваа година го порибуваме Охридското езеро

Министерот Љупчо Николовски во селото Шум, Струга, го посети регистрираниот репроцентар „Шум“,кој работи во рамките на Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.

420196667_950111583149345_2883726336353805477_n

-Оваа година со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка добиен од колекционираната икра од реализираниот вештачки мрест го порибуваме Охридското езеро. Вложивме 1,5 милиони денари во одржување на популацијата на Охридската пастрмка во Охридско езеро. Со реализацијата на активностите за изведување на вештачкиот мрест во Охридско езеро, се надевам дека ќе се обезбеди предвидената количина на подмладок од охридска пастрмка и успешно ќе се пориби езерото во 2024 година, истакна министерот Николовски.

419071395_950111249816045_4281909324567001378_n

418830551_950111343149369_8226825363820932508_n

Министерот Николовски во мрестилишната сала и инкубаторите на мрестилиштето имаше можност да ја види фазата на инкубација на икрата и започнувањето на фазата за одгледување на личинките и подмладокот.

417690119_950111306482706_5057267718614952785_n

417680120_950111099816060_7438123356684965551_n

Како министерство и оваа година во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, се предвидени средства во износ од 3 милиони денари,наменети за изведување на вештачкиот мрест и порибување на Охридското Езеро со подмладок од Охридска пастрмка во 2025 година.

417569890_950111399816030_8146703651653178403_n

417557237_950111486482688_1300030380468464921_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e