Николовски: 100 дена Влада,100 дена успешни политики во интерес на земјоделците

Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од мандатот на новата Влада денеска се одржа тематска владина седница на која единствена точка беше одбележувањето на постигнувањата на Владата и на министерствата во првите 100 дена од работењето.

100 дена Влада, 100 дена успешни политики во интерес на земјоделците, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во текот на изминатите 100 дена Влада:
-Донесен Интервентниот фонд вреден 400 милиони денари,за поддршка на земјоделците.
-Донесен Национален план за производство на храна, се со цел зголемување на домашното производство.
-Преку јавен повик, 5.722 хектари земјоделско земјиште даваме во закуп на вистинските земјоделци за обработка на стратешки култури .
-Јавен повик за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на трактори.
-Јавен повик за набавка на силоси, за зголемување на сточниот капацитет.
-Јавен повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство на тутун.
-Јавен повик за наменска изградба на мандри.
-Јавен повик за мерката Рурална жена кој од оваа година се зголемува од 3.000 на 6.000 евра по корисник.
-Потпишани 103 договори за обезбедување на финансиски средства за набавка на високопедигриран добиток.
-Започна изградба на нов затворен систем за наводнување на Селска река во село Конопица.
-Навремено исплатени субвенции за полјоделците,лозарите,и производителите на млеко.
-Усвоена ИПАРД 3
-Проект: Консолидација на земјиштето во Егри и Битолско.
-110 договори склучени од Јавен повик преку ИПАРД
-Склучени над 900 договори за концесија за земјоделско земјиште
-Објавен Јавен повик за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.
-Јавен повик за користење на средствата за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони од областа на земјоделството и руралниот развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e