Николоски: Ако освоиме двотретинско мнозинство ќе го вратиме старото име, ако не ќе ја внесеме Македонија во ЕУ и тогаш ќе ги смениме работите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за 360 степени, вели дека нашата држава се соочува со штетата од Преспанскиот договорот, потпишан од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, но дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ги ублажи последиците.

„Има два начини да се направи тоа, првото е да освоиме двотретинско мнозинство за да можеме да пристапиме кон промена на Уставот и да го вратиме старото име. Доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, треба да направиме една брза серија на реформи, да ја ставиме Македонија на брза трака, да пробаме во скоро време да станеме членка на Европската Унија и кога ќе сме на иста маса со Грција, да пробаме да ги менуваме работите“, рече Николоски.

Тој вели дека не е спорно тоа дека требало да се направи договор, но не може поради тоа да се оправда лош договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e