Никола Попоски на министерски состанок

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Братислава ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Учеството на Попоски на состанокот е по покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Словачка Република Мирослав Лајчак, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

За време на состанокот, информира МНР, предвидено е министерот Попоски да оствари и билатерални средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e