НИЕ СМЕ ЗЕМЈА ЛИДЕР СО 98% ИСКОРИСТЕНОСТ НА ИПАРД 2: Николовски во Подгорица ги пренесе придобивките од Отворен Балкан и успешната ИПАРД приказна

Горд сум на мојата земја, но истовремено и многу среќен што токму Северна Македонија е земја лидер во регионот со 98% искористеност на средствата и 2300 склучени договори. Во заедничкото обраќање со министерот Владимир Јоковиќ пред црногорскиот народ ја открив формулата на успешноста во реализација на ИПАРД програмите, со надеж дека ќе го земаат нашиот пример и правилно ќе ги насочат и алоцирираат насоките кои денес ги споделивме, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој е во посета на Подгорица.

330970066_2440762569410658_3558278696392937792_n

– Првенствено акредитиравме мерка за техничка поддршка, оддржавме над 100 инфо денови во над 200 населени места, реализиравме многу ПР активности, работилници, брошури упатства…изградивме имиџ помеѓу нашите граѓани дека целокупната документација мора да е до перфекција подготвена, додаде Николовски.

330977232_725535362368707_18284912892490722_n

Министерот појасни дека преку Иницијативата Отворен Балкан пак континуирано земјите членки си помагаат во снабдувањето со храна, струја или енергетски ресурси. Расте трговската размена, се скратува времето за сите административни царински и инспекциски процедури. Се креираат нови иницијативи, заеднички активности, се шират и почитуваат културните вредности, но и се мотивираат младите да се здружуваат, запознаат и почитуваат.

330927333_594327162115455_5861145396112754997_n– Затоа со цело срце, поканата за пријателска Црна Гора е отворена, како држава ќе ја имате целосната наша поддршка. Нема друг пат освен да се здружиме и да ги отвориме границите помеѓу нашите земји. Се надевам дека за брзо време ќе можеме да кажеме “Црна Гора добредојде во Отворен Балкан”, подвлече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e