Нема да се бара притвор за Никола Груевски

Специјалното јавно обвинителство нема да побара притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, кој денеска беше првостепено осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за сознанијата за луксузниот мерцедес што произлегоа од прислушуваните разговори.

Од СЈО дополнително ќе проценат дали ќе поднесат жалба за поголема казна до Апелациониот суд откако на писмено ќе ја добијат официјалната пресуда од судот.

За тоа што Груевски денеска не присуствуваше додека се изречуваше казната, од таму велат дека, според прописите, секој има право да не дојде за време додека се чита пресудата.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e