Неформален работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на С. Македонија и Албанија

Во организација на Грција, денеска во Брисел ќе се одржи неформален работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на Северна Македонија и Албанија, што според грчкото МНР е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји.

Од МНР соопштија дека работниот појадок, непосредно пред одржување на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе претставува можност министерот Никола Димитров да ги запознае колегите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија.

-Воедно ќе го повтори барањето Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и без понатамошно одлагање да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, соопштија од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e