Неделковски: Сега има причина да се здроби канцеларијата на Иванов

Новинарот Миленко Неделковски, изреволтиран што Претседателот Иванов му го предаде мандатот за состав на Влада на Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека сега има основана причина да се искрши канцеларијата на Иванов. Тој исто така вели дека заедно со Претседателот Трајковски биле предавници на ВМРО во современа Македонија.

-Е сега има основана причина да се здроби канцеларијата на “Рекорд”.
Торко еден, луѓето што протестираа два-и-пол месеци секој ден застануваа да се поклонат пред твојот офис. Ти вака им се реваншираше!!!

Мене ти и твојата Соросоидна улога ми бевте јасни одамна, но еве сега се разгологази пред целиот народ.

Она што не го сакаше – го постигна. Да се изедначиш со Борис Трајковски.
ВМРО во современа Македонија имаше двајца претседатели. Обата предавници.
Историски факт, напиша Неделковски на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e