Наумовски: До кога самобендисаниот Мицкоски со раководството планираат да водат погрешни политики и да ја разнебитуваат ВМРО-ДПМНЕ?

Сплотување, а не разнебитување, истакна Васко Наумовски, член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

„Доста е од водење на погубни политики и разнебитување на партијата каде што членовите се делат на подобни-неподобни, наши-ваши, стари-нови членови и ред други поделби.

Не ја заборавајте поговорката дека “рибата смрди од главата, а не од опашката”. Затоа им порачувам на раководството дека грешките треба да си ги побараат кај себе, а не кај членовите во партијата кои што деноноќно работеле за придонес на локалните, парламентарните и претседтелските избори.

Кога сме кај локалните избори 2017 година, тогашниот генерален секретар Мицкоски и кандидат за советник на град Скопје, не успеа да победи, а сепак како награда го поставија за претседател на партијата.

Од тогаш како лидер на партија се соочи со првиот предизвик за консултативниот референдум, за менување на уставното име во 2018 година, за кој што доживеа дебакл од причина што ненавремено завзема став односно и ден денес го нема.

Затоа мили мои Македонци денеска ја имаме придавката која што за жал стана реалност“, посочи Наумовски.

„После првиот дебакл следуваше вториот предизвик, а тоа беа претседателските избири во 2019 година, каде што Мицкоски постави “надпартиски кандидат”, поранешен министер од владата на Црвенковски, која што сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Резултатот беше уште еден пораз.

После сите овие порази во јули оваа година, Мицкоски со своето раководство беа цврсто убедени дека ќе ги добиеме предвремените парламентарни избори и повторно на изборни листи се ставаа лица како Сафет Бишевац кој го мрази и навредува членството на ВМРО-ДПМНЕ. За жал не ги послуша реакциите на членството и потврди дека со самобендисаност и водење на погрешни политики може да бидеме само опозиција.

Затоа го наметнувам прашањето, до кога самобендисаниот Мицкоски со раководството планираат да водат погрешни политики и да ја разнебитуваат ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски веќе нема ни кредибилитет, ни легитимитет да ја води партијата. Мицкоски не може да го мобилизира членството ниту за да организира протести. Неговите повици се игнорираат и отфрлаат затоа што тој е веќе прочитан. Членовите знаат дека тоа што Мицкоски го прави во моментов не ја води напред партијата, туку само му претставува алиби за да ја сочува функцијата.

Водењето на улична демократија или просто кажано шетање на мал дел од членството низ скопските улици, не е висока политика или дипломатија. Во 21 век од еден прозападно ориентиран лидер на опозиција се очекува многу повеќе. Ништо не значи и никого не импресионира ако тој се прошета по улици со дел од членството. Напротив од еден лидер се очекува да остварува средби со лидерите на сестринските партии , да лобира за добивање на целосна поддршка и прима совети од лидери кои што демократски владеат во своите земји.

За жал со секој ден се потврдува дека Мицкоски нема капацитет за такви чекори. Мицкоски е изолиран и што е потрагично, во таа изолација ја влече и партијата.

Затоа Мицкоски со раководството треба да бидат доблесени и самокритични и во најскоро време да закаже вонреден когрес на партијата со истите делегати од Валандово. Само така ќе покаже дека не одработува за Заев, туку дека работи на сплотување и зајакнување на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку оваа моја добронамерна критика ја прифати Мицкоски со раководството нема да има потреба да ја ангажира фондацијата “Konrad-Adenauer” на теми пост-изборни предизвици туку ќе ја ангажира на теми пред-изборни обуки на кандидати за пратеници и добивање на локални, парламентарни или претседателски избори“, потенцираше Наумовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e