Наум Петрески до крушевскиот градоначалник: Јас заработувам со пот а не со фотелја подарена за лепење плакати!

Откако вчера градоначалникот на Крушево, Ѓорги Дамчески јавно преку ,,Фокус,, му порача на фолк пејачот Наум Петрески дека направил циркуз, затоа што преку социјалните мрежи обелоденил дека Општина Крушево му го нема исплатено хонорарот за настап на манифестацијата Етно град која што се одржала на 26 јули, се јави и популарниот пејач. Тој потврди дека парите ги добил на сметка вчера, дури откако јавно реагирал, и му порача на Дамчески да не ги меша политиката и музиката. – пишува Фокус.

,,Дури денес се легнати парите на сметката, и тоа дури после колку денови… Ама што може да се очекува од таквите луѓе, само лаги и измами! Јас да бев на негово место, ќе ги исплатев од свој џеб, па ќе ги чекав парите од Министерство за култура, како голем градоначалник. Ама очигледно си мислеше дека ќе премолчиме, како што тоа го сториле многумина претходно. Доста беше наведната глава, редно е да се каже вистината! За него е циркуз, а за нас е преживување секоја паричка што макотрпно ја вадиме со пот и работа, а не со фотеља подарена за лепење на плакати и рекламен партиски материјал! Јас имам над 350 песни кои што ќе останат во историјата на нашата музика, од која што некогаш ќе учи нашата младина, додека таквите како Дамчески ќе бидат заборавени и фрлени на буништето на вечноста!,, – ни изјави Петрески, додавајќи дека се ќе се решело на побезболен начин, доколку градоначалникот му се јавел и го замолил за трпение.

Извор: Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e