НАД 3.000 РЕГИСТРИРАНИ МАЛИ ОПЕРАТОРИ ЗА ХРАНА е резултатот од политиките за поддршка на малите производители

Над 3.000 регистрирани мали оператори за храна е резултатот од политиките за поддршка на малите производители.
Бројките сами по себе говорат за успесите па така заклучно со денес, имаме:
2.261 оператори со храна од животинско потекло
800 оператори со храна од неживотинско потекло.
Денеска во Демир Капија од министерот за земјоделство Николовски и неговиот тим директно на терен беа презентирани пред земјоделците новите програми за поддршка на малите производители на храна и пијалаци, советувајќи ги како правилно и успешно да го пласираат својот производ на пазарот.
417562349_948537126640124_3155091991038022017_n
Не постои апликант за мерките од поддршката за малите производители на храна или винарии што аплицирал и ги исполнил условите од повикот, а да не добил поддршка.
417570482_948537219973448_8355477488173645090_n
-Нашата поддршка ја продолжуваме, Вас чесни земјоделци не ве оставаме сами, Ве поддржуваме и ќе ве поддржуваме низ целиот ваш развој. Заедно ќе градиме нови успеси, нови брендови од преубави традиционални производи и нови резултати на кои сите ќе бидеме горди, посочи министерот.
419045660_948537166640120_6343966304490782190_n
419071245_948537086640128_1447400269926185638_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e