МЗШВ: Не е точно дека сопругот на пратеничката Мира Стојчевска е унапреден

Ило Стојчевски е вработен во Шумската полициска станица (ШПС) Делчево од 1998 година на работно место заменик- командир, на која што работна позиција е се уште.

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантираат информациите изнесени во јавноста дека Стојчевски е унапреден и назначен за командир и потенцираат дека во случајот не станува збор за унапредување и назначување, туку за времено овластување и извршување на работни задачи без дополнителен финансиски надомест.

Бидејќи нема друго лице вработено во ШПС Делчево со високо образование-Шумарски факултет, вработениот Ило Стојчевски кој што е единствениот во оваа станица со високо образование-  Шумарски факултет, е овластен да ја води станицата, бидејќи законски за застапување и поднесување на пријави во судовите вработените треба да имаат високо образование.

Стојчевски е овластен командир на ШПС Делчево, од моментот кога Дарко Тасевски (претходниот командир)  си поднесе оставка, реагираат од МЗШВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e