МЗ: Со правилна политика водиме вистинска грижа за здравствените работници

Министерството за здравство со правилна политика води вистинска грижа за здравствените работници. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%.

„Со зголемувањето на платите овозможуваме достоинствени услови за работа на здравствените работници. Тие да работат достоинствено дома, во јавните здравствени установи и да не заминуваат од нашата држава“, потенцираше министерот Филипче.

„Зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати.

Во септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавното здравство им се зголеми основицата за плата за 5%.

Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти.

Во септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството. Кумулативно, заедно со сите зголемувања, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%.

За 2 години, издадени се повеќе од 5000 согласности за вработување, а за првпат приватните специјализанти се платени за својот труд. Продолжуваме со мерки и активности за зајакнување на нашиот човечки капитал. Затоа што со задоволни здравствени работници ќе имаме и задоволни пациенти“, се додава во соопштението на МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ