Мухамед Зекири: Време е секој од нас да ја преземе одговорноста и да придонесе во борбата против злото

Фејсзбук статус на Мухамед Зекири

Многу честитки и пофалби стигнаа до мене по објавувањето на веста дека ќе бидам дел од СДСМ, се разбира не недостасуваа ниту критиките и поинаквите мислења во однос на мојата одлука. Секоја од нив за мене беше и ќе биде посебна, ќе бидат обврска плус во мојата секојдневна работа и ангажман во политиката.

Честитките и пофалбите за да ја оправдам добербата и подршката од сите Вас, критиките и навредите на моја адреса да докажам со дело дека истите не држат. Ќе ми бидат поттик и уште поголем предизвик за мене во секојдневната работа.

Време е секој од нас да ја преземе одговорноста и да придонесе во борбата против злото. Секој на начинот на кој мисли дека може тоа да го прави.

Ќе продолжам да бидам Вашиот глас почитувани, како што бев за цело време од мојата новинарска кариера.

Граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка припадност залужуваат да дишат слободно, заслужуваат подобар живот, заслужуваат ПРОМЕНИ!!!
За подобра Македонија, за Македонија еднаква за сите нејзини граѓани!!!

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e