Морачанин: Треба да има проверка на потеклото на имотот на сите обвинители и судии

Во борбата со корупцијата мора да се посветиме сите максимално, бидејќи тоа е она што не осиромашува, дава чувство на несигурност кај граѓаните и тоа е една од клучните европски вредности, истакна Маја Морачанин од ДОМ вечерва на „Само вистина“ на Канал 5.

Таа вели дека и перцепцијата во јавноста е дека е сосема во ред ако на некого му понудите пари за да ви заврши некоја услуга.

– Затоа ние сериозно мора да се зафтиме на решавањето на овој проблем со корупцијата и тука се согласуваме, клучни се правосудните институции. Затоа ние како ДОМ поддржуваме ветинг и мислам дека треба да има проверка на потеклото на имотот на сите обвинители судии и други вклучени во овие институции, вели Морачанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e