Могерини и Хан: Го поздравуваме доделувањето на мандатот, ќе ја поддржиме новата влада во реформите

Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, за земјата да може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада посветена на спроведувањето на сите делови од Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети“, се вели во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии, да ги стават поделбите настрана и да работат заедно на заедничката реформска агенда, за да ја вратат земјата на патот за евроатланска интеграција. Тоа е она што луѓето го сакаат и заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во своите реформски напори“, стои во изјавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e