Младите се двигател на земјоделството, со влезот во НАТО и ЕУ, ќе добијат поголема финансиска поддршка за сопствен агробизнис

Младите се нашата иднина, тие кои треба да бидат двигател на македонското земјоделство, затоа сме фокусирани на воведување на мерки кои ќе ги мотивираат младите земјоделците да започнат сопствен агробизнис, а на тој начин ќе влијаме врз зголемување на вработеноста во руралните средини, порача денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовки на средбата со земјоделци од Старо Нагоричане.

Љупчо Николовски, средби со земјоделци од Старо Нагоричане (4)

Министерот ги информираше земјоделците за критерумите за новиот јавен повик кој се објави вчера за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци.

„ Со новите критериуми за огласот за млади земјоделци ги охрабруваме младите лица кои сакаат да инвестираат во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинксо потекло, и сакаат да отворат сопствен агробизнис, а посебен акцент ставаме на сите оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. За прв пат оваа година, приоритет им даваме и на оние млади луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации и инвестиции во опрема. А, со нашето членство во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми финансиската поддршка од европските фондови за младите земјоделци кои сакаат да започнат свој агробизнис“, изјави Николовски.

Љупчо Николовски, средби со земјоделци од Старо Нагоричане (1)

Воедно министерот Николовски ги информираше земјоделците од Старо Нагоричане за тековните мерки кои се преземаат, како и за идните политики за развој на земјоделството. Една од новите мерки како што посочи Николовски, е новиот Закон за пасишта, со кој ќе се регулира доделувањето и користењето на пасиштата, што беше нотирано како слабост и од страна на ЕУ.Во рамки на посетета министерот Николовски имаше работен состанок со градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, на кој што се разговараше за мерките од Програмата за рурален развој, за кои што можат да конкурираат општините, а кои што ќе придонесат за подобрување на патната и канализационата инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e