Како што објави “Либертас”, ќе има промени на кормилото во телевизија 24 Вести.
На местото на сегашниот главен уредник Сеад Ризвановиќ најверојатно ќе биде назначен Младен Чадиковски, новинар од неделникот Фокус.
Промена има и на позицијата програмски директор.
Досегашниот Зоран Иванов заминува во пензија, а нов директор за програмата ќе биде Нехру Хоџа.
Извор: Либертас