Митрески: Секогаш било пракса мнозинството од Собранието да се пресликува во комисиите

„Секогаш било пракса во Собранието, како што е пропишано во Деловникот, мнозинството да се преслика во собраниските комисии. Тоа никогаш не било доведено во прашање“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој рече дека доколку од Комисијата за избори и именувања не бил разрешен пратеникот Фадил Зендели, тогаш ќе настанела ситуација во која Собранието не би функционирало.

Митрески објасни дека за Зендели била свикана интерпелација, по приморот од 2016 година, кога било гласано за интерпелација на претседател на Комисија за образование и спорт.

„Ние не го земаме мандатот на пратеникот, туку се прави интерпелација за функција. Три месеци зборуваме дека мнозинството треба да се преслика, а опозицијата не сакаше тоа да го направи. Затоа, мнозинството има одговорност да направи се што е во рамки на Деловник и Устав за Собранието да функционира“ рече Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e