Мираковска: Ќе најдеме начин да го усогласиме Законот за јазици

Апсурдно е да разговараме за од господ дадено право, зборување на мајчин јазик и поточно да разговарам со тројца Македонци за тоа како ќе се разговара на албански јазик, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби во емисијата „Топ Тема“ на емисијата Телма.

„Законот се имплементира веќе една година и гледаме дека Македонија и денес ја има, истото се случи и со Преспанскиот договор, Македонија еве уште ја има и уште разговараме за внатрешните прашања, само доби кохезивноста во ова општество. Државата не може да очекува граѓаните да бидат лојални ако таа не е лојална кон нив. Ниту еден Македонец не беше приморан да учи албански јазик, ниту беше казнет“, рече Груби.

Според пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека премиерот Зоран Заев побарал од Венецијанската комисија мислење и тоа требало да се почитува.

„Ова што се случи, иако Владата во октомври направи еден успешен обид да го одложи мислењето на Венецијанската комисија е меѓународна шлаканица за коалицијата СДСМ-ДУИ бидејќи донесе Закон надвор од европските стандарди“, рече Милошоски.

Пратеничката од НСДП, коалициски партнер на СДСМ, Соња Мираковска па, истана дека нема дилема кога станува збор за правата на граѓаните и правата за јазикот.

„Имавме дилеми и формиравме група, не се фолиравме. ВМРО-ДПМНЕ гледа да протне под тепих, да носи пред избори. Во време кога тие беа на власт секој си тераше свое општество, ние се одлучивме за едно општество за сите. Разговаравме, успеавме да усогласиме четири амандмани, го подобривме Законот и рековме за се што имаме дилема ќе се консултираме со Венецијанската комисија. Ќе ги најдеме начините да разговараме што треба да направиме за да го усогласиме нашиот Закон со она што го предложи Венецијанската комисија. Ако сте искрени, ќе го решите проблемот, ако не сте, само имате проблем“, рече Мираковска.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби пак рече дека имале заеднички средби и со ВМРО-ДПМНЕ и во 2016 година и на почетокот на 2017 година.

„Поднесоа 23 амандмани, за четири се согласивме. Во Венецијанската комисија требаше да се однесат деловите за униформите, парите и хартиите од вредност. Компромисно се договоривме да го тргнеме тоа од Законот и да се поднесе до комисијата и гледате имаме позитивно мислење за тоа“, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e