Министерство за правда го негира Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ нема доставено амандмани за Законот за јавно обвинителство

Од Министерството за правда вечерва соопштија дека ВМРО ДПМНЕ не доставило амандмани за предлог законот за јавно обвинителство, пренесе порталот НОВА ТВ.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во ТВ дуел со Зоран Заев, изјави дека биле доставени 65 амандмани до Министерството за правда, на што Заев, одговори дека за време на паузата за реклами проверил и службите му одговориле дека амандмани не се поднесени.
Мицкоски тврдеше дека амандманите биле доставени неколку часа пред да започне емисијата во која гостуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e