Министерот Николовски доби награда за особен придонес за развој на Крива Паланка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Крива Паланка, присуствуваше на манифестација организирана по повод  8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка. На денешниот ден одбележуваат 74 години од ослободувањето на градот.

43285547_2268174710070722_7560271463308066816_o

Министерот Николовски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, амбасадорката на Украина,  Наталија Задорожњук и претставници од други македонски и странски збратимени општини положија цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителна борба.

43328213_2268174730070720_4431293393380835328_o

43385897_2268174550070738_6120427348551532544_o

43534386_2268174726737387_5398908662850781184_o

Со одлука донесена на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка на министерот Николовски му се доделува награда за особени постигнувања и придонес за развој на Крива Паланка, а на амбасадорот на Европската Унија Самоил Жбогар му се доделува награда за почесен граѓанин.

43483691_2268231730065020_566787760103358464_o

43395088_2268356580052535_7003265289357885440_o

43460596_2268356663385860_5767104260537843712_o

43398179_2268356626719197_1686762798215856128_o

43388381_2268356600052533_755809249325481984_o

43258984_2268356716719188_8901876572059860992_o

43581315_2268356703385856_8414878944855064576_o

43546359_2268174553404071_4372054996821213184_o

Во рамки на денешната манифестација се одржа и настанот „Шопска софра“ , поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што се презентираа традиционални јадења од Македонија и од општините збратимени со Крива Паланка, како и традиционални фолклорни носии.

43580091_2268231583398368_8488522159214297088_o

43429619_2268231616731698_4791849004457525248_o

43505755_2268231736731686_1099902521339543552_o

43511004_2268231596731700_6907727706113179648_o

43636074_2268231603398366_4349416426067460096_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ