Милошоски: Начините да се врати нашето старо уставно име се многу комплицирани

Процесот на проширување е клинички мртов. – вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтун.

-Процесот на проширување на ЕУ е клинички мртов. Следните 2-3 години ќе покажат, дали во ЕУ има политичка волја, преку реформи, истиот повторно да оживее. На политиката на проширување на ЕУ и недостасува стратешки правец. На Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија со секоја година ќе им станува се потешко да веруваат во перспективата за полноправно членство и во тој правец да ја ориентираат својата политика. Затоа нашите држави би требало на еден од следните Самити ЕУ-Западен Балкан да бараат разјаснување. Наивните ветувања не се доволни. Добра можност да се покаже дека потребните реформи во државите од западниот Балкан се поддржуваат не само со празни зборови би било на регионот да му се дозволи барем парцијално да учествува во користењето на стриктурните фондови од ЕУ – вели Милошоски.

Во интервјуто Милошоски вели дека во договорот со Грција Македонија направила невидени отстапки.

-Граѓаните на нашата земја беа изманипулирани, тие беа убедени дека таквиот договор ќе го обезбеди нашето членство во ЕУ. Таква беше пропагандата пред референдумот за промена на името. Но, реалноста е дека Франција и некои други држави го гледаат проширувањето на ЕУ не како приоритет, туку како товар. Во такви околности, целосното членство во ЕУ ќе биде исклучено во наредната деценија, а можеби и за уште подолго.

Милошоски смета дека сеуште постојат начини да се врати старото уставно име „Македонија“ во државата.

Начините да се врати нашето старо уставно име се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име. Потоа, има можност на оние пратеници во нашиот парламент кои гласаа да ги преименуваат само затоа што беа под принуда, закани и уцени, против нивната слободна волја им се закануваа сп затвор од страна на Специјалниот обвинител или судии под владина контрола во случај да не гласаат за промена на името. Ако тие имаат храброст јавно да го пријават тоа и да одат во обвинителството по промената на владата, тво тој случај двотретинско мнозинство во парламентот ќе може да го врати стариот устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e