И Мијалков бара спас во аболицијата на Иванов

И поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, побара спас во аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, односно неговиот адвокат денеска пред Кривичниот суд инсистираше да не му се суди за нелегалноито масовно прислушување во „Таргет и Тврдина, бидејќи бил помилуван.

-Судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков со кое ја запира постапката против него, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

Судијката Џенета Бегтовиќ пак денеска го почна судењето за „Таргет и Тврдина“, откако одлучи да ја раздвои постапката за двајцата бегалци, обвинетитет Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Претходно таа ја раздвои и постапката за екс министерката Гордана Јанкулоска, бидејќи се наоѓа во деветиот месец од бременоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e