Мицкоски: Заев говори лаги дека ги зголемува пензиите (ВИДЕО)

„Заев говори лаги дека ви ги зголемува пензиите, вистината е дека тој ви одзема од Вашите пензии кои ги имате заслужени!“, вели денеска во видео-обраќање лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според него, се до 1 јануари 2019-тата година, зголемувањето на пензиите се пресметуваше како резултат на зголемувањето на два индикатори, и тоа, првиот е раст на трошоците за живот, а вториот е половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. И ова покачување се пресметуваше 2 пати годишно, еднаш на 1 јануари, и еднаш на 1 јули во годината.

„На 1 јануари 2019 година Заев го укина, го избриша од закон вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа фактички ви ги намали пензиите“, тврди Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e