Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Образованието е еден од нашите приоритети кој е значаен не само за поединецот, туку и за унапредување на целото општество, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Грижата за сите чинители во овој процес е наша обврска.

За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на КОВИД.

Сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19.

Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.

Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата“, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e