Мицкоски магистрирал и докторирал на Машинскиот факултет, стои во неговата биографија

Мислам дека тука не треба да има дилеми. Јас сум човек што бил стипендист на италијанска влада, сум поминал таму магистратурата и докторатот во Германија, стипендист на германската влада – вака лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му одговори на бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговото прашање што опозициската партија мисли за евроатлантските перспективи на Северна Македонија.

Наспроти ова тврдење на Мицкоски, биографијата објавена на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ покажува друго, дека тој докторирал и магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Машинскиот факултет во Скопје, каде што во моментов е и професор.

Дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не магистрирал и докторирал во Италија и Германија покажува и извештајот од неговиот избор за професор на Машинскиот факултет, кој е објавен во Билтенот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Освен лажната информација за тоа каде тој магистрирал и докторирал, која требаше да биде гаранција пред бугарскиот премиер Борисов дека опозициската партија се залага за влез на земјата во Европската Унија и дека се согласуваат со влезот во НАТО, во јавноста одекна и ставот на Мицкоски дека го поддржува договорот со Бугарија.

„Се што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, ние поддржуваме, тука, исто така не треба да има дилема“, рече Мицкоски на прашањето на Борисов дали опозицијата го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија, за потоа пред македонските медиуми да ретерира и каже дека не мислел конкретно на договорот и дека тој се уште е на ставот дека истиот е лош за државата, без да прецизира што поддржува.

Извор: Локално.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e