Мицкоски е оптимист – тврди не се разговара за амнестија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба изјави дека е оптимист, објаснувајќи дека за некои прашања постигнале напредок, а за некои не, но истакна дека треба да се даде шанса во следните денови како работите ќе се развиваат.

-Разговаравме генерално за темите кои се познати на јавноста, а се дел од преговорите уште од март. За некои имаме приближување, за некои не. Ние инсистирае на вистинските вредности и принципи, а не за декларативни заложби. Тоа подразбира почитување на законите и Уставот и да превенираме секаков обид да се изгира народот да се поставуваат повечесмислени прашања, изјави Мицкоски и одби да говори за детали, а тоа го остави за по затворање на процесот, изјави Мицкоски.

Во однос на тоа дали амнестијата е дел од овие преговори, Мицкоски рече „не“ и оцени дека тоа е „груб обид за манипулација на јавноста“.

Најави дека вечерва ќе се одржат состаноци на партиските тела и со пратеничката група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e