Меркел: За жал не можевме да се договориме околу отворањето преговори со Северна Македонија

„За жал не можевме да се договориме околу отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Многу жалам за тоа“, рече канцеларката Ангела Меркел на расправата на Самитот на ЕУ.

Меркел исто така истакна дека била против да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во однос на добивањето на датум за преговори. Една од причините за ваквиот став се етничките Албанци, кои живејат во Македонија.

Идејата за раздвојување ја наметнаа Холандија, Данска и Шпанија, додека пак Франција е против започнување преговори со двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e