Масивен мозочен удар е причината за смртта на родилката?

Мсивен мозочен удар е најверојатно причината поради која се влошила здравствената состојба на 31-годишната родилка, која почина во Клиничкиот центар во Скопје.

Што довело до оваа состoјба и зошто не ѝ помогнала терапијата, ќе треба да покаже обдукцискиот наод. Пет дена по породувањето во гевгелиската болница, со невролошки симптоми што личат на епилептичен напад таа е донесена на Клиниката за неврологија во Скопје.

Санитарниот и здравствен инспекторат вчера правеше вонреден инспекциски надзор во болницата во Гевгелија, како и кај матичниот лекар на родилката. Од Министерството за здравство повикаа да не се шпекулира дека станува збор за лекарска грешка.

Директорот на Клиниката за неврологија вели дека пациентката кај нив била донесена на 4 јули, во раните утрински часови. Во податоците што ги добиле од семејството било наведено дека пациентката имала кратки невролошки напади и за време на бременоста, но не им било дадено значење.

– Кај нас пациентката беше донесена со итна помош, во придружба на гинеколог и невролог, бидејќи биле регистрирани невролошки напади што личеле на епилепсија. Ѝ беше направена компјутерска томографија, која покажа дека не станува збор за мозочно крварење. ЕЕГ-ето беше во рамките на нормалата. Беше направена и крвна слика, која не укажуваше на некои поголеми проблеми. Повикавме на консултација и лекар од КАРИЛ и од Клиниката за гинекологија, беше дадена терапија, но и покрај сѐ, епилептичните напади почнаа да зачестуваат. По седум до осум часа од приемот беше префрлена на КАРИЛ – вели Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија.

Тој вели дека кај родилките, за време на бременоста и по породувањето, може да се наруши тромбоцитскиот статус, односно да дојде до нарушување на коагулацијата на крвта…

Повеќе ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e