Маричиќ за тужбата на Мијалков: Ќе се бориме за правна држава како влада до крај

Ако се сеќавате истата фама се направи и минатата година кога излезе оној сет на апликации, кога повеќе лица беа опфатени со аболицијата и тогаш велеа дека готово добиваме па сега треба да не ослободите, па излезе дека не е така, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во врска со тужбата на екс- шефот на УБК Сашо Мијалков.

-Вистината е дека Мијалков има поднесено тужба за неговите случаи и редовната процедура наложува дека судот ја известува државата дека има апликација и ја прашува во одреден рок дали сака да се спогоди.Така што не можам да предвреме како ќе биде како ќе одговриме на определниот рок, но како и секогаш ќе се бориме за правна држава како влада до крај, вели Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e