Мандат за спас

Преговорите са составување на новата влада на Македонија веќе почнаа, или задкулисно почнаа многу пред оваа недела, кој знае? Мандатарот прво ќе ги почне преговорите со ДУИ околу составувањето на новата влада, но по се изгледа тие нема да бидат успешни поради јавните крајно спротиставени ставови за мандатот на СЈО и албанскиот јазик.

Очигледно дека Ахмети ќе се обиди да го спаси Груевски, затоа што сега лидерот на ДУИ јавно се залага за етнички прашања, кои категорично се отврлуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ова јавно недоразбирање е во полза на ВМРО-ДПМНЕ, која јавно ќе излезе дека не може да состави нова влада и во ниту еден момент нема да попушти на максималистичките барања на албанците во Македонија.

Овој потег на ВМРО-ДПМНЕ ќе му донесе убедлива победа на оваа партиа на идните избори кое и така се очекуваат во април или на крајот на годината, но ДУИ и Ахмети пред неговиот електорат ќе се фалат дека не прават никаков компромис со етничките прашања со било која голема партија на македонците (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ). Овој потег на ДУИ е сличен кога во 2014 година, влезе со коалиција со ВМРО-ДПМНЕ без ниту еден услов за исполнување на барањата на албанците, додека истовремено организираше и јавна пропаганда против Претседателот на државата Ѓорге Иванов, нарекувајќи го како нелегитимен.

ДУИ организираше бојкот кај нивните гласачи, кои бојкот му оствари убедлива победа на Иванов, наспроти кандидатот за претседател од редовите на СДСМ Стево Пендаровски. Целата игра била синхронизирана меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако во првиот круг на претседателските избори во 2014 година, албанците ако гласаа за Пендаровски, тогаш разликата меѓу Пендаровски и Иванов ќе беше многу тесна.

Но ДУИ, намерно бојкотираше и му прирема терен на Иванов, кои на првиот круг победи со огромна разлика, додека во вториот круг кога беа и предвремените парламентарни избори, Иванов веќе стана Претседател по втор пат. При целата оваа политичка хајка во моментот е во интерес на екс премиерот Никола Груевски. Ова се случува бидејќи наместо прв приоритет за формирање нова влада во Македонија да биде расчистување со аферата за прислушкување (криминал, корупција, разновидни сценарија како Монструм, Диво Населје), сега без потреба како прв приоритет за составување на новата влада се наметнуваат албанските етнички прашања (двојазичноста и економската рамноправност).

 

Џенур Исени ( политиколог)

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e