Мала посетеност на настанот што ВМРО-ДПМНЕ го организираше за 23 октомври

Денеска во Прилеп опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ организираше настан по повод Денот на револуционерната борба – 23-ти октомври, но во салата каде што се обрати претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, имаше мала посетеност, пишува Центар.мк.

Имало и видео бим поставен пред Домот на Културата „Марко Цепенков“ за заинтересираните граѓани да можат следат говорот на Мицкоски, но било празно местото.

Граѓаните на социјалните мрежи се вклучија со коментари дека ВМРО ДПМНЕ не смее да го присвојува денешниот празник, ниту пак името ВМРО, со оглед дека тоа е дел од историјата на македонскиот народ, а не на една политичка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e