Макрон: Сите во ЕУ беа за преговори со С. Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за магазинот „Економист“, цитирано од „ДВ“, вели дека е подготвен да се согласи да започнат преговори со Скопје, доколку во следните месеци се реформира процедурата, а земјата продолжи со реформите.

Тој ги обвинува останатите држави-членки на ЕУ дека се задскривале зад француското вето за почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија на самитот во Брисел, и дека во суштина, согласност за зелено светло имало само за Скопје.

Тоа пак, според него, ќе било фатална грешка.

„Најголемиот дел (од земјите-членки) беа за отворање преговори со Северна Македонија, но речиси половината беа против преговори со Албанија. Тоа ќе беше фатална грешка“, вели Макрон во интервјуто.

На прашањето на новинарите, дали смета дека тие држави се задскривале зад Франција, францускиот претседател одговара потврдно.

„Не мислам, знам дека е така. Прашајте ги утре дали сакаат преговори со Албанија. Половината ќе ви кажат не. Сакаат да отворат со Северна Македонија, тоа е мала земја, го сменија името и тоа е навистина историско постигнување. Таа не ги плаши луѓето. Но реалноста е дека доколку не отворите и со Албанија создавате ужасна траума во регионот“, посочува Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e