Макрон ќе не посети во првата половина на 2020 година

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски по средбата со својот француски колега Емануел Макрон во Париз сподели дека земјава има резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ со цел продлабочување на процесот.

Тој додаде дека Макрон ќе ја посети земјава во првата половина на 2020 година.

„Со претседателот Емануел Макрон имав одлична средба и динамичен разговор денеска во Париз. Средбата беше можност да ја потврдам нашата заложба за европска интеграција и да го информирам претседателот Макрон дека ние немаме резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ со цел продлабочување на процесот. Претседателот Макрон најави посета на Северна Македонија во првата половина на 2020“, сподели претседателот на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e