Македонија e трета дестинација за туризам во 2020 година според „Лонли Планет“то место

Бутан, Англија, па Македонија. Вака изгледа врвот на листата на топ туристички дестинации за 2020 година што ја состави компанија „Лонли Планет“ од Австралија. Како препораки за земјата се наведуваат природата, гастрономијата и античката традиција.

„Земјата е веќе позната по вкусната традиционална храна, по преубавите пејсажи и природа и античката традиција. Изговор плус за посета на зависниците од адреналин и култура за наредната година треба да бидат новите авио-конекции до Охрид и Охридското езеро што е под заштита на УНЕСКО и 495 километарската шарпланинска патека“, пишува „Лонли Планет“.

Во топ 10 дестинации на листата се и Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

„Северна Македонија изобилува со дотраени и напуштени цркви, живописни планински села и историски докази за безбројните освојувачки империи“, се додава во изборот за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e