Локално до Панчевски: И еден денар од државна институција за претседател на Суд претставува можност за пристрасност и корупција

Со низа навредливи зборови кон новинарите, суспендираниот судија, обвинет за малверзации со АКМИС системот и осуден за мобинг, Владимир Панчевски преку Фејсбук реагираше на текстот на Локално дека додека бил претседател на Кривичниот суд, добивал хонорари од Министерството за правда.

„Преку УСАИД ја открија Америка! „Панчевски лапал хонорари од Министерството за правда!” Не бе другари од комитетот на Заев и Дескоска комуњари, Панчевски одработил на барање на министерството и изработил испитни прашања за правосудниот испит на кои од тогаш до денес полагале и се уште полагаат идни генерации адвокати, судии и обвинители од кривична материја. Надоместот е еднократен! Не е ниту скриен ниту за фикција како “доверливост” или “тежина и сложеност на работа. Сепак тогашното Министерство за правда го ценело трудот на Панчевски и му платило еднократно, ваков симболичен износ за трудот и посветеноста“, пишува Панчевски. 

Локално одговори на рекацијата, со потсетување дека фактот што тој како претседател на Кривичниот суд земал хонорари од државна институција претставува можност за пристрасност и корупција, што се коси со Кодексот за судиска етика донесен во 2014 година.

„И покрај долгата реакција во која судијата обвинет за малверзации со АКМИС системот, тој заборавил да го провери порталот Локално, каде со сигурнст ќе најде текстови за милионските хонорари кои може да се најдат и на алатката „Отворени финансии“. Очигледно за судијата полесно е да ги навредува новинарите и да ги доведува во корелација со одредени политички структури секогаш кога ќе се објават текстови кои не се по негов терк“, реагира Локално.

Целиот текст прочитајте го на Локално.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e