Љутков: Директорот на МНТ да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ. Снимката која излезе во јавноста, а од која се гледа како се оштетува имотот на МНТ е срамна и доказ дека со оваа власт е пробиено дното. МНТ е институција за одржување на театарски претстави и културни собири, а не сцена за дивеење на навивачки групи“, вели денеска Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на МНТ мора да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група, и по кој основ е издаден театарот, колку е платено за неговото издавање и руинирање, и дали воопшто е платено? Како може да се издава театарот само со јавување на телефон, па нели има правилник и процедура за тоа, и на крај кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата? И зошто никој од обезбедувањето не реагира кога поединци почнаа да дивеат и да се качуваат по седиштата“, посочува Љутков.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e