Лидерска средба за деталите за референдумот

Прeмиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за 18 часот попладне закажа лидерска средба во Клубот на пратениците. Според најавите, на неа ќе се разговара за деталите за референдумот.

„Поради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидер на партија плус уште еден претставник) се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Владата.

Преговорите меѓу работните групи ги запреа прашањата за изборот на ДИК, законот за финансирање и политичките партии и барањето на опозицијата за техничка влада по теркот на пржинскиот договор.

Овие теми се издигнаа на лидерско ниво, па политичките лидери ќе треба да ги усогласат позициите, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК, што ќе треба да го спроведе референдумот, кој, според најавите, се очекува да се одржи во септември или во октомври наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e