Лидерска: Разликите остануваат – Заев вели одиме чекор по чекор

По получасовната пауза на лидерската средба, претставниците на четирите поголеми партии се вратија на преговарачката маса во Клубот на пратениците.

Дел од присутните велат дека се далеку од договор. Досега е разговарано за законот за финансирање на партиите и за изборот на ДИК – услови што ги постави опозицијата.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека претставниците од СДСМ дошле неподготвени на средбата за да разговараат за нивните барања. Неофицијално на денешната средба најбрзо може да се постигне договор евентуално за финансирањето на партиите, но за друите прапшања разликите остануваат.

Премиерот Зоран Заев пред влегувањето со салата по паузата, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде се преговорите, рече дека одат „чекор по чекор“.

Референдумското прашање и позиционирањето на партите во однос на граѓанското изјаснување се уште не е отворено.

Средбата се одржува по барање на Мицкоски кој вчера ја напушти лидерската средба во проширен состав и побара да се одржи нова во потесен формат (лидерите на четирите најголеми партии со по двајца претставници). Присуствуваат премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката н партијата Радмила Шекеринска, Лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик претседателот на Владата, Бујар Османи како и претседателот на најголемата опозициска партија  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Тања  Каракамишева. На лидерската средба присутни се и претседателот на БЕСА, Билал Касами и Аријанит Хоџа.

Премиерот Заев по завршувањето на вчерашната лидерска средба рече дека на сите други претставници на партиите што останале на средбата се за успешен референдум и го навести можното референдумско прашање.

– На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговараме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e