Ле Роа: Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Андреј Жерновски, денес се сретна со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за голем пријател на Македонија.

Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на дискусија помеѓу двајцата соговорници.

ЗМНР Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој наведе дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел , членство во ЕУ и во НАТО.

MFA 3580

Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не обединува по етничка линија и тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки,  кои секако ќе ги продолжиме после 30-ти септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите, потенцираше Жерновски на состанокот.

Информираше за реализираните реформи како и сериозните напори кои Владата ги презема во насока на отпочнување на преговори со ЕУ во 2019 г. и  за членство во НАТО.

Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за престојниот Референдум, како предуслов за нашето конечно интегрирање во НАТО и ЕУ. Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија, нагласи Ле Роа на состанокот.

MFA 3582

Македонија останува цврсто на својата одлука да стане полноправен член на европското семејство и членка на НАТО алијансата, што ќе биде од заемна корист како и ќе придонесе за целиот просперитет и стабилност на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e