Кузеска: Гледаме колку е значајно што сме членка на НАТО!

Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена.
Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме, порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата.

За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.

Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.

Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа.

Би сакала да ги споменам и добро поставените економски политики.

Бидејќи воените судири секако ќе ја продлабочат енергетската криза исклучително е важно што владата предводена од СДСМ исправно се постави.

Сите ресурси ги насочи кон соочување со последиците од енергетската криза и презеде низа ерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државничко однесување и кон граѓаните и кон државата. Тоа е СДСМ, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e