Курти: Немаме друг пат освен кон ЕУ, повикот на Заев за избори е одговорен чин

Регионот не треба да има замена за Европската унија, порача Албин Курти, кандидат за премиер на новата косовска Влада во интервју за Алсат ТВ. Повика на тесна меѓусебна соработка на балканските земји со единствена цел – што поскоро членство во ЕУ.

„Регионалните иницијативи сигурно дека се потребно, но не можат да ја заменат европската интеграција. Ние што не се интегрираме во Европската унија, не може да кажеме дека правиме нешто меѓу себе“, вели Курти.

Предлогот на македонскиот премиер Зоран Заев за предвремени избори, за Курти е чин на одговорност, но рано е да каже дали ќе поддржи некоја од партиите. Како потенцијален премиер на Косово, очекува да ја посети Македонија, да има блиски односи со Албанија, но за целосна стабилизација на регионот, вели, „потребно е Србија да се соочи со реалноста дека Косово е независна држава“.

„Нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија е преку нормализирање на Србија. Во Косово имаше обид за геноцид, 860.000 Албанците се депортирани надвор во пролетта во 1999 година. Имаме 20.000 девојки или жени кои се силувани. Сите тие се живи“, нагласува Курти.

За Алсат ТВ откри и за договорот со ДСК за 12 министерства во новата Влада на Косово и изрази очекување дека на премиерската функција ќе стапи во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e