Крвава драма во гостиварско: Се степале во црква, а потоа работата излегла од контрола

Во црквата „Св. Ѓорѓија“ во гостиварското село Велебрдо вчера околу 15 часот дошло до расправија меѓу Г.П. (79) од Велебрдо и А.М. (61) од Скопје. Расправијата прераснала во тепачка при што А.М. физички го нападнал Г.П., а во еден момент замавнал кон него со коса, нанесувајќи му повреда во вид на расекотина во пределот на челото.

По настанот Г.П. бил пренесен во Здравствниот дом во Ростуше, каде му била укажана лекарска помош.

Околу 15:30 часот за тепачката разбрале внуците на повредениот- Г.Т. (30) и Г.Д. (26) кои отишле во куќата на А.М. и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и дрвен стап.

Повредениот А.М. е пренесен во Здравствниот дом во Ростуше, од каде бил упатен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гостивар, а Г.Д. и Г.Т се повикани на разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e