КРУПЕН ПРОЕКТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД РАНКОВЦЕ: Викендот министерот Николовски ќе го пушти во употреба системот за наводнување “Славишко поле”

Во македонскиот исток, последните неколку години се инвестира како никогаш досега. Тоа го покажуваат проектите и делата.

Во пресрет на двата верски празници, Голема Богородица и св.Јоаким Осоговски, во кривопаланечкиот регион, поточно во општина Ранковце, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во присуство на највисоки државни претставници ќе го пушти во употреба Системот за наводнување “Славишко поле“, исклучително важен проект за развојот и иднината на општина Ранковце.

navodnuva-e

Овој проект е особено значаен затоа што е од непосреден, директен интерес на преку 1500 жители од населените места Псача, Петралица и Гиновци, од кои мнозинството од населението се занимава со земјоделство.

Ефикасното наводнување на површините преку новиот систем за земјоделците ќе придонесе за три пати поголемо производство, што крајно ќе влијае врз подобрување на животниот стандард.

Изградбата на овој систем е дел од проектот финансиран од  ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со којшто е предвидено изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e