Кралот на Шпанија го потпиша Протоколот за членство на земјава во НАТО

Кралот на Шпанија Фелипе Шести го потпиша ратификациониот инструмент. Во следните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон, објави на официјалниот твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

– Изутринава Сенатот со масовно е-гласање (259 од 264 Сенатори) го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Веднаш потоа и Кралот Фелипе го потпиша. Во следните 72 часа ратификацискиот инструмент ќе биде депониран во Стејт департментот, објави на официјланиот Твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, рече дека прилично емоционално го доживел, тоа што првпат видел празен Парламент кој работи и тоа со само една точка на дневен ред.

– На 75 години од Холокаустот во Ерусалим се видов со шпанскиот крал. Како што вети, така направи. Шпанскиот крал го потпиша указот, изјави Пендаровски.

Протоколот, појасни Пендаровски, се депонира во Стејт департментот, каде се чуваат сите пристапни протоколи.

– И ние нашиот, кој предвреме го ратификувавме ќе го пратиме во Стејт департментот, откако последната држава членка на Алијансата, Шпанија ќе го достави. Во тој момент откако ќе го депонираме ние стануваме формално земја членка на НАТО, изајви Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e