Ковачевски за Џамбаски: Не знам кој е тој, македонизмот секогаш ќе го има

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Бугарија треба својата поддршка треба да ја насочи кон оние здруженија кои што градат мостови меѓу двете држави.

-Здруженија кои што носат имиња на личности кои што ги нарушуваат и повредуваат чувствата на Македонците, Евреите, Албанците и Евреите, не треба да се именуваат на таков на начин. Ова не гради никакви пријателски односи меѓу двете држави. Постојат имиња кои што можат да зближуваат и треба да инвестираме во такви имиња. Во однос на објавата на Ангел Џамбаски, не знам кој е тој човек, така да кога ќе ја видам изјавата, ќе одговорам. Околу македонизмот, секогаш ќе го има, затоа што Македонците имаат своја историја, идентитет, зборуваме на македонски јазик и негуваме свои обичаи и сме граѓани и народ кој што до 2030 година ќе ја збогати ЕУ, рече Ковчевски како одговор на новинарско прашање.

Претходно бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на Фејсбук сподели објава, во која наведе дека „Југославија се распадна, а сега е крајно време да се урне последниот бастион – македонизмот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e