Ковачевски: Референците на „Бехтел” гарантираат квалитетна изведба на автопатните делници

Како дел од агендата на работната посета на Лондон, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се сретна со дел од бордот на директори на меѓународниот конзорциум „Бехтел“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата Шон Кени.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и за Коридорот 10 Д, односно за делница на автопатот Прилеп – Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e