Ковачевски откри зошто 28 години железничката пруга која ја поврзува Северна Македонија со Бугарија стои во место

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галaб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и ЕБОР, денеска присуствуваа и говореа по повод на отпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски откри зошто всушност 28 години овој проект стои во место.

Вчера следејќи ги вестите на медиумите, многу од нив кога известуваа за денешниот настан неизбежно беше да предочат дека веќе 30 години или поточно 28 години овој проект стои во место, рече Ковачевски.

„Возот до Софија тргна во 1994“, и тоа е така. „Пругата наречена надеж“ така ја карактеризираат медиумите е можам да кажам сосема прецизна формулација. Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори тогаш почна да се гради овој железнички коридор и се уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот ни е таков и тоа на многу места, јасен ми е сентиментот на граѓаните. И за да можеме да го поправиме, треба сето ова најпрво да си го признаеме, а потоа да се зафатиме со работа“, посочи Ковачевски.

Ковачевски рече дека пругата веќе 28 години стоеше во место затоа што или не сме имале знаење, или немало доволна посветеност или имало премногу корупција. Или сите 3 работи заедно.

„Затоа, тука, пред вас, одговорно тврдам дека единствената опција која ја имаме е да ги удвоиме напорите и напорно да работиме. И да го сработиме сето ова со нашите пријатели, со нашите соседи, со ЕУ. Можеме секако да зборуваме зошто нешто не можело или како требало да се направи. Но имаме и опција да избереме да работиме и да одиме напред, да го избереме најдобриот пат, или во случајов најдобрата пруга кон европската иднина.

Денеска затоа велам дека рехабилитацијата и зафатите на Коридорот 8, железничката пруга која ја поврзува Република Северна Македонија со Република Бугарија стануваат реалност“, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e