Костовски: Владата има план за справување со кризата и да обезбеди доволно енергенси за претстојната зима

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски има План за справување со кризата со цел да се надминат сите последици од економската и енергетскта криза, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Тој План беше претставен пред Советот за безбедност и сите активности што ги преземаат Владата, министерствата и самиот премиер ги преземаат е во насока на тој План, со цел да се обезбедат доволно енергенси за претстојната зима.“ порача Костовски, додавајќи дека оваа година производството на електрична енергија е зголемено за да се намали зависноста од увоз, дека цената на електричната енергија е субвенционирана 80 отсто од државата, како и дека ДДВ за струја останува на пет отсто, наместо 18 отсто.

Осврнувајќи се на предлозите на Христијан Мицкоски за надминување на последиците од кризата, Костовски оцени дека секој предлог е добредојден, но дека има одредени резерви околу искреноста, имајќи предвид дека токму тој дава наолг да се блокира се во државата.

„Нека дојдат предлозите во Собрание, ќе ги разгледаме и дискутираме по нив, но сепак имам резерви дали е тоа искрено, имајќи ги предвид сите блокади од ВМРО-ДПМНЕ до сега. Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, кој ја зголеми цената на електричната енергија во време кога немаше никаква криза и кога цената на струјата на светските берзи беа далеку поевтини.“ порача Костовски.

Осврнувајќи се на иницијативата за референдум од страна на Левица, Костовски праша дали Левица поддржана од ВМРО-ДПМНЕ со својата иницијатива е против заштитен и потврден македонски јазик во ЕУ, без никакви фусноти и додавки, посочувајќи дека Заклучоците изгласани во Собранието, се цврста гаранција дека државните и националните интереси не смеат и нема да бидат погазувани ниту од актуелната ниту од кој било друга идна Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e